Свет 19. април 2018. / 14:06

Силен земјотрес го погоди Иран во близина на нуклеарна централа

Силен земјотрес го погоди Иран во близина на нуклеарна централа

Земјотрес со јачина од 5,5 по Рихтер утринава го погоди јужен Иран. Епицентарот беше кај градот Каки, релативно блиску до единствената функционална нуклеарна централа во Иран, Бушехре. Американската геолошка служба УСГС наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, што е добро имајќи предвид дека „поплитките“ земјотреси обично предизвикуваат голема штета.

Потресот ги зафати и Бахреин и други региони околу Персискиот Залив. Се почувствувал и во Катар, а луѓе биле евакуирани од повисоките згради во Доха.

Сѐ уште нема податоци за можни жртви или оштетувања, а иранската државна телевизија јави дека нема штета на нуклеарната електроцентрала. Централата Бушехре и претходно успешно ги издржуваше земјотресите, кои се чести во Иран.

Иран минатиот ноември го погоди силен земјотрес од 7,3 степени по Рихтер, во кој загинаа 530 луѓе, а повеќе илјади беа повредени.