Ураганот „Лесли“ утрово ја погоди Португалија со ветер од 176 километри на час. Силниот ветар корнеше дрвја и остави стотици илјади луѓе без струја.
Ураганот кој уште од 23 септември се движеше во Атлантскиот океан , стана посттропска бура кога стигна до брегот на Португалија рано утрово.
Во голем дел од Португалија денеска на сила е црвен аларм.
Најтешко се погодени областите Лисабон, Лериа, и Коибре , каде најголем дел од инцидентите се поврзани со искорнати дрвја, оштетени кровови или помали поплави.