Свет 08. октомври 2018. / 21:59

Силен ураган се очекува да ја погоди Флорида

Силен ураган се очекува да ја погоди Флорида

Тропската бура „Мајкл“ која се приближува до Флорида, денеска прерасна во ураган.

Ураганот од прва категорија, се очекува во текот на неделата да го погоди северозападниот дел на Флорида, носејќи ветер со брзина од 160 километри на час.

Ураганот тргна од брегот на полуостровот Јукатан во Мексико и навлезе во Мексиканскиот Залив. Топлите води од овој залив може дополнително да го засилат овој ураган.