Свет 13. јануари 2019. / 10:37

Силен удар за Исламската држава: Американците го ликвидираа лидерот на џихадистите!

Силен удар за Исламската држава: Американците го ликвидираа лидерот на џихадистите!

Еден од првите луѓе на најозлогласената терористичка организација на светот бил ликвидиран во Авганистан, потврдија синоќа од американската армија.

Портпаролот на американските сили во Авганистан, Џубон Менди изјави дека еден од највлијателните лидери на џихадистите, Хетаб Емир бил убиен во акција на американските сили која што била изведена на 10-ти јануари во областа Нангархар во Авганистан.

Елиминирањето на Џубон Емир ќе помогне во заштитата на недолжните Авганистанци од нападите на Исламската држава и ќе ја намали нивната присутност во провинцијата Нангархар, порача Менди.

Припадниците на Исламската држава имаат силни упоришта на истокот од Авганистан недалеку од границата со Пакистан и моментално се една од најголемите и најопасни милитантни групации во оваа земја.

Иако Исламската држава веќе неколку години се распаѓа, сепак, на Блискиот исток џихадистите и натаму имаат поддржувачи и контролираат помали територии во неколку држави.

Најголемите порази џихадистите ги доживеаа таму каде што ја имаа најголемата моќ – речиси 90% од „нивната“ територија во Сирија и Ирак е веќе ослободена, па сега делуваат претежно отсечено и даваат отпор во одредени делови од овие држави „до последен борец“.

Покрај Сирија и Ирак, најгозлогласената терористичка организација на светот ја искористи безбедносната ситуација во Авганистан и го прошири влијанието и во оваа земја каде што се регрутирани илјадници радикални исламисти. Сепак, со падот на ИСИС во Сирија и Ирак започна процес на распад на џихадистите кој што веќе започна да пристигнува и во Авганистан.