Свет 01. октомври 2018. / 11:34

Силен тајфун ја погоди Јапонија – има загинати

Силен тајфун ја погоди Јапонија – има загинати

Најмалку две лица загинаа во налет на тајфун што денеска го погоди Токио, јавија локални медиуми.

Тајфунот „Трами“ ги погоди синоќа западните делови од Јапонија, а метеоролозите предупредуваат дека на островот Хокаидо му се закануваат поројни дождови проследени со силни ветрови и лизгање земјиште.

Тој остров минатиот месец беше погоден од силен земјотрес.

Најмалку 130 луѓе се повредени во налетот на тајфунот. Две лица се водат како исчезнати, а речиси 400 илјади домаќинства се без струја.

Откажани се повеќе од 200 летови од аеродроми во северниот дел од државата.