Сиднеј одново е под густа магла предизвикана од чадот што доаѓа од реонот зафатен со шумски пожари.
Според оделот за заштита на животната средина во државата Нов Јужен Велс, воздухот во градот е трипати позагаден отколку во изминатите пет години.
Според податоци на властите, во таа држава се активни над 100 пожари.
Пожарите уништија над еден милион хектари земја по истоичното крајбрежје на Австралија во изминатите три недели. Уништени се и над 500 куќи, јавија локални медиуми.