Свет 12. октомври 2020. / 08:15

Сицилија забрани печење леб во недела

Сицилија забрани печење леб во недела

На италијанскиот остров Сицилија стапи на сила  забраната за работа на пекарите,  секоја прва и трета недела од месецот.

Иако во продавниците ќе може да се купува леб секој ден, овие денови веќе е забрането да се пече нов леб на продажба, во спротивно казната  е 400 евра.

Оваа мерка ја презедоа локалните власти на иницијатива на самите работници на пекарницата. Според нивните набудувања, побарувачката за леб во недела на Сицилија е релативно мала, многу производи остануваат непродадени. Наместо да работат, вработените  можат да ја поминат неделата со своите семејства.

Засега, мерката ќе трае до следното лето, кога туристите ќе започнат да пристигнуваат на годишен одмор на Сицилија.

Забраната може да се продолжи за летните месеци доколку нејзиното влијание врз купувачите е незначително.

Законските ограничувања на работата за време на викендот не се дискутираат само на Сицилија. Во Италија, на пример, продолжуваат дискусиите за забрана за работа на повеќето продавници во недела. Оваа мерка е поддржана од христијански активисти, синдикати и сопственици на приватни продавници, сопствениците на големи ланци се против.

За слични мерки се дискутираше и во Полска: забраната за трговија на мало во недела требаше да стапи на сила во 2020 година, но идејата згасна поради пандемијата КОВИД-19.