Свет 13. мај 2020. / 11:25

Си-Ен-Ен: Мнозинствотo Американци сметаат дека Владата не прави доволно во борбата со корона вирусот

Си-Ен-Ен: Мнозинствотo Американци сметаат дека Владата не прави доволно во борбата со корона вирусот

Мнозинство од Американците и натаму веруваат дека нивната Влада лошо се справува со спречување на ширењето на Ковид-19.

Според најнова анкета на Си-Ен-Ен спроведена од маркетиншката фирма ССРС, 44 проценти од испитаниците сметаат дека најлошите моменти од кризата се поминати, додека 52 проценти се уште сметаат дека најлошото не е поминато.

Четири од десет Американци изјавиле дека лично знаат некого заразен со коронавирус, што е двојно повеќе отколку минатиот месец. Мнозинство, пак, велат дека Владата не прави довилно да го спречи подемот на бројот на починати (56 проценти), дека има недоволна достапност за тестирање (57 проценти), или постои опасност од втор бран на случаи подоцна годинава (58 проценти).

Според анкетата, рејтингот на претседателот Доналд Трамп подолго време се задржува на 45 проценти, резултат со кој тој го почна својот мандат на почетокот на 2017 година.

Педесет и пет отсто од Американците не ја одобруваат работата на претседателот поврзана со справување со епидемијата. На почетокот на март тој удел беше 48 проценти и 52 проценти во април. Само 36 проценти од Американците велат дека Трамп има сигурни извори на информација за епидемијата.