Решавањето на прашањето на Макао и Хонг Конг, два специјални административни региони, е целосно внатрешна работа на Кина, рече Си Џинпинг. Тој истакна дека Пекинг нема да им дозволи на странските сили да се мешаат во внатрешните работи.
–Морам да нагласам, откако Хонг Конг и Макао и се вратија на татковината, справувањето со овие два специјални административни региони во целост е прашање на кинеските внатрешни работи, а не на странските сили – рече Си.
Toj истакна дека нема да им дозволат на ниту едни странски сили да се мешаат.
Џипинг на церемонијата по повод 20-годишнината од враќањето на Макао на Кина рече дека кинеската влада и народ имаат цврста волја да го заштитат својот државен суверенитет, безбедност и развојни интереси.
Тој рече дека во текот на изминатите 20 години, успехот на принципот „една земја, два система“ е општо признат, но дека тој мора постојано да се подобрува во пракса, пренесе Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).
Кинескиот претседател изрази уверување дека Кинезите, вклучувајќи ги сонародниците од Хонг Конг и Макао, се мудри и способни за уште подобро да го развијат принципот „една земја, два система“.
На церемонијата е именувана и нова влада на Макао, при што новиот гувернер Хо Јаценг и други членови на владата положија заклетва пред знамињата на Кина и Макао.