Свет 10. септември 2018. / 10:24

Шведскиот премиер најави дека ќе остане на чело на Владата

Шведскиот премиер најави дека ќе остане на чело на Владата

Премиерот на Шведска, Стефан Левен порача деке аќе остане на чело на Владата, откако неговата партија на левиот центар забележа најлоши изборни резултати.
Левен, кој е на чело на шведските социјалдемократи од 2012 година, а премиер стана во 2014 година, нагласи дека изборните резултатите се уште не се јасни, но призна дека формирањето на на идна Влада би можело да потрае.

Лидерот на шведските опозициски партии на десниот центар, Улф Кристерсон, го повика премиерот Левен да поднесе оставка, откако прелиминарните резултати покажаа тесна разлика во гласовите кај опозициската коалиција Алијанса и кај владејачкиот лев центар.

„Оваа Влада ја истрача својата трка. Сега би требало да поднесе оставка“ рекол Кристерсон.

Инаку, прелиминарните резултатите од државната изборна комисија покажаа дека ливичарската коалиција предводена од социјалдемократите остварила тесна победа над партиите од десниот центар на парламентарните избори во Шведска, додека антимигрантските демократи оствариле значаен пораст на поддршката.