Шведска повторно започна да известува за поголем број на заразени лица со коронавирусот. Во четвртокот имале 1.075 случаи, додека вчера пријавиле 596 случаи.
Шведска имаше поинаков пристап од другите земји, оставајќи ги повеќето училишта, ресторани и бизниси отворени за време на пандемијата, со благ пораст на бројот на пациенти од почетокот на септември, пренесува Ројтерс.
Сепак, главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел вели дека земји како Холандија, Шпанија и Франција во моментов влегуваат во вториот бран, но дека тоа не е случај со Шведска.
–Тоа би значело дека вирусот значително се шири во големи делови од општеството, а тоа го немаме во Шведска– рече тој пред новинарите, но додаде дека зголемувањето на случаите треба да се сфати многу сериозно.