Свет 22. јули 2020. / 14:41

Шведската стратегија дава резултати: Епидемијата нагло се намали

Шведската стратегија дава резултати: Епидемијата нагло се намали

Главниот шведски епидемиолог, Андерс Тегнел, порача дека е охрабрен од податоците што покажуваат дека бројот на тешки случаи на корона вирус значително се намалил во последните неколку недели.

Епидемијата сега забавува на начин на кој мислам дека мал број од нас веруваа пред една недела или повеќе – рече Тегнел

Епидемиологот вели дека дневните стапки на смртност од Ковид-19, како и бројот на пациенти што се на интензивна нега, од април постепено се намалуваат.

Тоа е навистина уште еден знак дека шведската стратегија функционира. Можно е брзо да се забави заразата со мерките што ги преземаме во Шведска – рече Тегнел.

Во последните неколку дена, бројот на заразени беше околу 100, а вчера беа регистрирани само 20. Бројот на починати вчера беше 10, но во претходните десет дена тој број беше едноцифрен.

Се поголем е бројот на меѓународни експерти коишто сметаат дека стратегијата на Шведска за борба против корона вирусот се исплатеше, а здравствените власти на земјата се убедени во тоа.