Шведската националистичка антимигрантска партија води на парламентарните избори во земјата, според првичните резултати.
Шведските демократи (СД) според дoсега пребројаните гласови освоиле 19,2 отсто од гласовите.
Екстремната десница за време на кампањата ветуваа и излегување од ЕУ, и замрзнување на имиграцијата, со објаснување дека правејќи им добро на мигрантите, се заборава на социјалата во земјата.
Според премиерот, Стефан Лофвен оваа партија е расистичка, поради нејзината анти-имигрантска политика.
Имиграцијата беше централно прашање за време на кампањата.
Лидерот на СД, Џими Акесон, тврди дека големиот број на мигранти кои биле примени во Шведска го покренуваат криминалот и го ставаат системот за социјална заштита во ризик.