Свет 13. септември 2018. / 13:41

Шведска: Уапсен е еден од крадците на шведските кралски скапоцености

Шведска: Уапсен е еден од крадците на шведските кралски скапоцености

Шведските власти денеска соопштија дека е уапсен еден од лицата кои прес месец и половина украдоа скапоцености од 17 век што му припаѓаа на шведското кралско семејство.

Крадците на 31 јули украдоа две круни од 1611 година и сфера од катедрала во Странгнас, западно од Стокхолм, а по кражбата побегнаа со моторни чамци. Ништо од украдениот накит не е пронајдено, соопшти Јавното обвинителство.

Украдените средновековни предмети се од непроценлива вредност и ќе биде тешко да се препродадат, коментираат познавачите.

Круните се украсени со злато, бисери и скапоцени камења, а им припаѓале на кралот Карл Деветти и кралицата Кристина.