Водечки епидемиолог во Шведска, во четвртокот изјави дека сè уште нема потреба да се носат маски. Тегнел ја дал изјавата еден ден откако СЗО издаде препораки за поширока употреба на маски.
Во Шведска има повеќе од 7.000 смртни случаи од почетокот на епидемијата на Ковид-19.
Светската здравствена организација објави во средата дека луѓето, вклучително и децата на возраст над 12 години, секогаш треба да носат маски во продавници, работни места и училишта каде што не е можно правилно да се вентилираат просториите. Исто така според препораката на СЗО, маски треба да се носат и кога гости ќе пристигнат во домовите на граѓаните.
Шведската здравствена агенција, која стои зад шведската стратегија против затворање, ги отфрли препораките за носење маски, повикувајќи се на слаби докази за нивната ефикасност и стравувања дека маските може да се користат како изговор против изолацијата кога ќе се појават симптоми.
-Маските за лице се потребни во некои ситуации. Овие ситуации сè уште не се појавија во Шведска, со оглед на нашиот дијалог со регионите , изјавил Андерс Тегнел, водечкиот шведски епидемиолог на прес-конференција. Тој додаде дека: Сите претходни студии сугерираат дека е многу поважно да се одржува растојание отколку да се носи маска.
Шведска во четвртокот потврди 35 нови жртви од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви достигна 7007.
Во изминатите 24 часа има 6485 новозаразени, пред помалку од две недели, кога биле регистрирани 7240 инфекции.