Свет 24. август 2018. / 11:43

Шведска повторно гори, овој пат не само автомобили, горат и куќи

Шведска повторно гори, овој пат не само автомобили, горат и куќи

Седум автомобили и неколку куќи и згради изгореа во пожарите кои избувнаа во градот Кристијанстад на југот на Шведска.

Пожарите избувнале во текот на ноќта помеѓу средата и четвртокот, објавија тамошните медиуми. Според полицијата, иако пожарите избувнале на неколку различни и меѓусебно оддалечени локации, сепак постои можност тие да се подметнати.

Во тек е истрага од страна на официјалните лица. Засега нема информации за повредени или загинати лица во пожарите.