Свет 08. јануари 2021. / 22:00

Шведска подготвена за првпат да ги затвори продавниците и рестораните

Шведска подготвена за првпат да ги затвори продавниците и рестораните

Шведска донесе Закон со кој и се дава на владата привремени овластувања за заострување на мерките за заштита од Ковид-19 и првпат овозможува затворање на рестораните и продавниците.

Владата на нордиското кралство, соочена со силниот втор бран со нов рекорден биланс на жртви, го претстави предлог-законот во декември, а потоа го одложи неговото влегување во сила оваа недела, првично закажано за март.

Новиот закон ќе и овозможи на Владата да воведе поостри мерки на принуда во насочените области и да воведе парични казни и како и санкции за непочитување, што не беше случај досега.

Новите мерки не предвидуваат можност за карантин, но Владата ќе може да донесе одлука за затворање на продавниците, трговските центри и јавниот превоз или ограничување на бројот на луѓе на собири на јавни простори.

По усвојувањето на текстот на законот, премиерот Стефан Лофвен најави воведување нови правила, кои се однесуваат на спортските сали, базените и трговските центри.