Свет 30. јули 2020. / 18:35

Шведска побара од компаниите да се работи од дома до 2021 година

Шведска побара од компаниите да се работи од дома до 2021 година

Шведските власти ги повикаа компаниите да овозможат нивните работници да работат од дома барем до Нова година, со оглед на тоа дека во државата се регистрирани повеќе од 80.000 лица заразени со корона вирус.

Мерката има за цел да го намали бројот на луѓе во јавниот превоз, затоа што властите забележале зголемен број контакти меѓу луѓе, што претставува голем ризик од натамошно ширење на корона вирусот во текот на есента.

Од почетокот на епидемијата се регистрирани над 80.100 заразени луѓе во Шведска, од кои 318 во последните 24 часа. Во таа земја починале 5.739 луѓе од Ковид-19.

За разлика од другите европски земји, Шведска не наметна карантин на своето население, што предизвика дискусии за ефективноста на стратегијата на Владата во борбата против корона вирусот.

Властите веруваат дека краткорочните мерки не можат да бидат ефективни за долги периоди. Маските во Шведска се задолжителни само за медицинскиот персонал, додека кафулињата, баровите и рестораните се отворени.