Шведската здравствена агенција престана да плаќа за вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“ и бара појаснување за количината на достапни дози во секое предадено шише, објави денес шведскиот весник „Дагенс Нехтер“, пренесува Ројтерс.
Шведска бара појаснување за бројот на дози што и се наплатуваат, откако компанијата „Фајзер“ наплатила шест дози во секое шише, а првично се сметаше дека може да се извлечат само пет дози од секое шише, па Шведска сега сака Комисијата на ЕУ и „Фајзер“ да се договорат количината на дози во секое шише вакцина, наведува агенцијата.
„И рековме на компанијата дека треба да почекаме со фактурите што требаше да се платат додека не добиеме јасни информации за тоа на што тие се однесуваа конкретно“, рече шведскиот епидемиолог Андрес Тегнел за „Дагенс Нетер“, а „Фајзер“ одби да даде коментар за Ројтерс.