Епидемиолозите во Шведска велат дека нивниот пристап кон пандемијата на новиот корона вирус без мерки на ограничување е успешен, а СиЕнЕн наведува дека бројот на заразени и бројот на починати не го потврдува нивниот став.
Од телевизијата велат дека Шведска во моментов е трета во светот, после Мексико и Шпанија, по бројот на смртни случаи на дневно ниво. А стапката на смртнот на 1 милион жители изнесува 314 што е повеќе во однос на онаа во САД со 234 починати на 1 милион жители.
Шведска не им се придружи на многу од нејзините европски соседи во наметнување строги ограничувања за граѓаните, а фотографиите на луѓе кои одат на работа или седат во кафулиња, дружејќи се во паркови, беа вообичаени.
Сепак, најмалку 3.175 луѓе починале како резултат на вирусот Ковид-19, соопшти шведската Агенција за јавно здравје.
Вкупно се регистрирани 25.265 случаи заразени со вирусот заклучно со петокот на пладне, а 17.117 се активни.
Шведска имаше релативно опуштен пристап кон социјалната дистанца во однос на другите земји во Европа.