Од почетокот на кризата со корона вирусот се тврди дека возрасните лица ќе бидат најмногу погодени од пандемијата, но студија спроведена во Швајцарија ја побива таа теорија.
Институтот за истражување „Сотомо“, на крајот на мај организираше кампања под мотото „Како си?“, во рамки на која биле анкетирани 10.000 луѓе од германското говорно подрачје на Швајцарија за тоа како да се справуваат со пандемијата. Резултатите се објавени во „Тагес Анцајгер“.
Според истражувањето, 59 отсто од луѓето на возраст над 65 години велат дека кризата не влијаела врз нив ниту позитивно ниту негативно. Во оваа група се зголемило чувството на благодарност и задоволство затоа што за време на кризата многу луѓе сфатија колку се привилегирани граѓаните на Швајцарија.
За разлика од нив, во возрасната група од 14-24 години, само 40 отсто од испитаниците дале позитивна проценка поврзана со кризата. Меѓу овие луѓе се зголемило чувството на благодарност, но и на стресот и напнатоста.
Според експертите, од оние кои биле вклучени во студијата, младите луѓе биле најмногу потресени од кризата. Кај возрасните, пак, е обратно.
Објаснувањето е дека повозрасната генерација, која ги преживеала војните и повоените години, доживеала повеќе вонредни состојби и има повеќе искуство во овој поглед.