Свет 10. септември 2018. / 14:11

Швајцарски државјанин ја тужи Швајцарија за расно профилирање пред судот во Стразбур

Швајцарски државјанин ја тужи Швајцарија за расно профилирање пред судот во Стразбур

Швајцарецот Мохамед Ва Бајле од Цирих тврди дека бил жртва на расно профилирање во 2015 година. Швајцарските судови не се согласуваат. Сега тој го однесе својот случај пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, пренесува „Локал“.

Еднофевруари 2015 година, Ва Бајле, кој потекнува од Кенија, но една деценија има швајцарско државјанство, бил запрен од двајца полицајци на главната железничка станица во Цирих кои побарале да се легитимира. Ва Бајле, библиотекар во Институтот за технологија ЕТХ во Цирих, прашал дали полицајците бараат црнец, а кога тие одговориле негативно, Ва Бајле одбил да се легитимира. Полицајците потоа подложиле на претрес, но го ослободиле го откако утврдиле дека има картичка за пензиско осигурување.

Ва Бајле бил и казнет со 100 швајцарски франци затоа тоа што не ги почитувал полициските наредби. Сепак,тој ја оспорил казната и го однел предметот на суд. Случајот на крајот стасал до Сојузниот Врховен суд во Швајцарија откако и Окружниот суд во Цирих и Апелациониот суд пресудиле дека нема докази оти полицијата го издвоила Ва Бајле неговата боја на кожа.

Врховниот суд пресудил дека случајот премногу се темели наизјавата на едниот од полицајците кој изјавил дека Ва Бајле бил запрен бидејќи го свртел погледот. Судот соопшти дека се присутни и ситуациски фактори: Цирих е транспортен центар за долги релации и како таков, е изложен на повисоко ниво на криминал. Според швајцарскиот закон, полицијата може да побара лична карта само ако има разумна основа за тоа. Ва Бајле верува дека со него не бил таков случај и сега поднело барање предметот да биде разгледан од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Пресудата во овој случај може да постави преседан за прашањето на расно профилирање, а швајцарската Алијанса против расна дискриминација тврди дека швајцарските судови се виновни за неспроведување на правдата и за непридржување кон меѓународните принципи за недискриминација. Судот во стразбур треба да ѝ објасни на полицијата во Цирих дека таквото профилирање не е прифатливо, изјави Ва Бајле за швајцарски „Блик“.

„Сакам да бидам дел од отпорот против расното профилирање и да ги мотивирам луѓето да бидат похрабри и да се спротивстават на расистичките полициски проверки”, рече тој.