Свет 27. јануари 2021. / 16:00

Швајцарија воведува нови мерки од 8 февруари за влез во земјата

Швајцарија воведува нови мерки од 8 февруари за влез во земјата

Швајцарија од 8 февруари ќе бара негативен тест за коронавирус од луѓето кои во земјата влегуваат од високоризичните подрачја, соопшто владата.

Швајцарската влада предложила и да се удвои на 5 милијарди швајцарски франци фондот кој ги финансира федералната и кантоналната влада за поддршка на претпријатијата кои се тешко погодени со ограничувањата за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Во соопштението по состанокот на владата се наведува дека владата е подготвена повторно да ја активира шемата за државни гаранции за банкарските заеми за погодените компании, ако се влоши пазарот за кредити.