Свет 10. јануари 2019. / 22:51

Швајцарија: Лавина затрупа хотел – има повредени

Швајцарија: Лавина затрупа хотел – има повредени

Неколкумина се повредени на швајцарскиот планински премин Швегалп, откако лавина го затрупа хотелот, објавија агенциите.

Возилата и деловите на ресторанот се затрупани под снегот, изјавија од полицијата.

Спасувачките служби продолжуваат да проверуваат дали има луѓе во снегот. Преминот Швегалп се наоѓа на надморска височина од околу 1300 метри.