Свет 30. декември 2019. / 14:30

Швајцарија годинава одредила рекорден број забрани за влез и престој во државата

Швајцарија годинава одредила рекорден број забрани за влез и престој во државата

Швајцарија оваа година изрекла рекорден број забрани за влез во државата. Најмногу такви мерки биле одредени за џихадисти и наводни шпиони.

Забрана за влез и престој во државата швајцарските добиле вкупно 118 странци.

Сојузната полиција има можност да изрече мерка забрана за влез во државата против странци за коишто смета дека ја загрозуваат внатрешната или надворешната безбедност на државата.

Најмногу забрани – 62, се за лица осомничени дека се џихадисти. Бројот на џихадисти кои од Швајцарија заминале во Сирија според разузнавачката агенција на државата е 92, од кои 31 се со швајцарски пасош.

Зголемен е и бројот на изречени забрани за влез во државата против лица осомничени за организиран криминал – 12 и осомничени за шпионажа – 31.

Федпол им изрекол забрана за влез во Швајцарија и на 13 осомничени дека се неонацисти.