Свет 06. јули 2018. / 20:47

Швајцарците гневни поради гестовите на Џака и Шаќири, бараат исклучување на играчите со двојни државјанства

Швајцарците гневни поради гестовите на Џака и Шаќири, бараат исклучување на играчите со двојни државјанства

Во фудбалската федерација на Швајцарија сериозно размислуваат да не ги повикуваат повеќе во националниот тим фудбалерите кои имаат потекло од други држави, а тоа го потврди и генералниот секретар на федерацијата Алекс Мајшер. Челникот на швајцарсакта фудбалска федерација, ги критикуваше Гранит Џака и Џердан Шаќири поради прославите на нивните голови против Србија на Мундијалот во Русија и ги повика политичарите да размислат за укинување на двојните државјанства.

„За мене, лично, нивниот гест беше политичка провокација, но секкао дека не беше ни бистра одлука. Беше тоа емоционална реакција поврзана со семејната историја. За тоа им верувам, но ја искомплицираа работата беспотребно“, изјави Мајшер.

„Овој инцидент покажува дека постои одреден проблем во репрезентацијата на Швајцарија и мораме да го решиме под итно. Двојните државјанства создаваат проблем во сите сфери на швајцарското друштво, не само во фудбалот. Постојат социјални разлики и се прашувам дали Швајцарија може да постави некакви граници? Да претпоставиме дека нашата селекција ќе игра на следното СП каде ќе бидат и Босна, Хрватска, Албанија, како и некои африкански земји. Голем број од нив веќе ги направивме играчи за сите овие години и со тоа мора да се престане“, порача Мајшер.