Свет 23. август 2019. / 11:48

Штрахе од политика заминува во бизнис со недвижности

Штрахе од политика заминува во бизнис со недвижности

Поранешниот австриски вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе, кој беше принуден да си даде оставка од сите политички функции поради аферата „Ибица“, ќе има нова работа од септември.

Тој ќе работи со недвижнини.

Според Oe24, Штрахе ќе биде вработен во компанијата „K.Y.A.T.T.“ од Баден, која е во сопственост на поранешниот генерален секретар на австриската Партија на слободата (ФПО), Зигмунд Калбахер, кој според извештаите на медиумите, пред неколку години започнал со купување и реновирање на хотели во Австрија.