Две години пред пандемијата од новиот корона вирус да го завладее светот, вработени во амбасадата на САД во Кина неколку пати го посетиле истражувачкиот центар во Вухан и испратиле две официјални телеграми за предупредување до Вашингтон за недоволна безбедност во лабораторијата, што спроведувала ризични проучувања на корона вируси од лилјаци, пишува бугарска Сега.
Телеграмите предизвикаа дебати во САД дали таа или друга лабораторија во Вухан е изворот на вирусот, иако се уште не постојат убедливи докази.
Во јануари 2018 година амбасадата на САД во Пекинг преземала акција за често испраќање американски дипломатски истражувачи во Институтот за вирусологија во Вухан (ИВВ), кој во 2015 година станал првата лабораторија во Кина, што го постигнала највисокото ниво на меѓународна безбедност во биолошките истражувања (позната како BSL-4). ИВВ објавил соопштение на англиски јазик за последната посета од страна на американските истражувачи, реализирана на 27 март 2018 година. Американската делегација била предводена од Џејмисон Фаус, генерален конзул во Вухан, и Рик Швајцер, советник во амбасадата за прашања од екологијата, науката, технологиите и здравствената заштита. Минатата недела, пак, ИВВ го тргна соопштението од својата веб-страница, но тоа може да се најде сочувано на Интернет.

Посетителите од САД се сретнале со Ши Женли, раководител на истражувачкиот проект, кој со години публикувал научни соопштенија за корона вирусите кај лилјаците. Во ноември 2017 година, неколку месеци пред посеттите на американските дипломати, екипата на Ши објавила проучување, кое покажало дека лилјаци, кои биле населени во пештера во провинцијата Јунан, најверојатно се од истата популација лилјаци од која во текот на 2003 година произлегол корона вирусот ТОРС (Тежок остар респираторен синдром).
Американските дипломати биле толку импресионирани од наодите, што веднаш испратиле две телеграми во Вашингтон, што не биле класифицирани. Телеграмите предупредувале на слабости во безбедноста и управувањето во лабораторијата на ИВВ и предлагале да се обрне повеќе внимание, како и да и се додели помош Првата телеграма, исто така, предупредувала дека работата на лабораторијата врз корона вируси од лилјаци и нивното потенцијално пренесување од човек претставува опасност од нова пандемија слична на ТОРС.
-Во контактите со научниците од ИВВ забележавме дека во новата лабораторија има сериозен недостаток на соодветно обучени технички лица и истражувачи, кои се неопходни за безбедно ракување со сериозно заразниот материјал, се вели во телеграмата од 19 јануари 2018 година испратена од двајцата дипломати, кои имале средби со научниците во ИВВ.
Кинеските научници од ИВВ во тоа време добивале помош од Националната лабораторија Galveston при Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тексас и од други американски организации, а Кинезите барале и дополнителна помош. Телеграмите препорачувале САД да и пружат дополнителна поддршка на лабораторијата во Вухан, главно затоа што нејзините истражувања на корона вирусите од лилјаци се важни, но и опасни.
-Најважно е, пишува во една од телеграмите, што според научниците различни корона вируси слични на ТОРС можат да комуницираат со ACE2, човечкиот рецептор, кој е напаѓан од корона вирусот на ТОРС. Таа констатација категорично поттикнува дека корона вирусите од лилјаци, слични на ТОРС, можат да се пренесуваат на луѓе и да предизвикуваат заболувања слични на ТОРС. Од аспект на општественото здравје, непрекинатото набљудување на сличните на ТОРС корона вируси кај лилјаците и истражувањето на взаемната врска животно-човек го прави од одлучувачко значење за идните прогнози и профилактиката на заболувањата од корона вируси.
Истражувањето имало за цел да спречи нова пандемија слична на ТОРС со тоа што можело да се предвиди како таа може да се појави. Но, во 2015 година други научници се запрашале дали екипата на Ши не презема непотребен ризик. Во октомври 2014 година САД наложуваат мораториум на финансирањето на сите истражувања, што го прават вирусот посмртоносен и позаразен.
Како што многумина подвлекуваат, нема докази дека вирусот, кој го зарази светот, бил синтетизиран. Научниците во голема мерка се согласни дека доаѓа од животни. Но, тоа не значи дека не е произлезен од лабораторија, која со години вршела експерименти со корона вируси од лилјаци на други животни. Телеграмата покажува дека одамна има стравување за можна опасност по општественото здравје, што проислегува од истражувањата на таа лабораторија, ако не биле правени адекватно и безбедно, вели Сјао Цјан, научник од универзитетот Баркли.
Според него, постојат слични стравувања и во однос на блиската лабораторија на Центарот за контрола и превенција на заболувањата исто така во Вухан, која работи и со пониско ниво на безбедност од ИВВ. Тоа е важно, зашто кинеската влада се уште не сака да одговори на прашања за потеклото на новиот вирус и не дозволува никакви обиди за проверка дали некоја од лабораториите има улога во појавената криза.
Извори запознати со телеграмите изјавија дека требало да се даде знак за тревога во однос на безбедноста во лабораторијата на ИВВ, особено заради работата со корона вирусите од лилјаци. Американските дипломати инсистирале на поголемо американско внимание спрема лабораторијата и на поголема поддршка за неа, но за да ги отстрани проблемите.
Телеграмите беа предупредувачки истрел. Тие ги молеа луѓето да обрнат внимание на тоа што се случува, вели вработен во американската администрација.
Како одговор на тие телеграми не била обезбедена дополнителна помош на лабораториите од страна на САД. Последниве два месеци телеграмите почнаа одново да циркулираат во администрацијата, откако се појавија отворени дебати дали лабораторијата може да е извор на пандемијата и какви ќе бидат последиците од реакцијата на САД против пандемијата и за неивните односи со Кина.
Во администрацијата на Трамп многу вработени во сферата на националната безбедност одамна предупредуваат дека ИВВ или лабораторијата на Центарот за контрола и превенција на заболувањата во Вухан е изворот на новата епидемија од корона вирусот. Според „Њујорк тајмс“, разузнавачката заедница не објавила докази, што го потврдуваат тоа. Но, еден висок претставник на администрацијата изјави дека телеграмите претставуваат уште еден доказ во поддршката на можноста пандемијата да е резултат од лабораториска катастрофа во Вухан.
-Раширена е тезата дека тоа е потполно од природно потекло. Доказите за истекување на заразата од лабораторијата се индиректни, изјави претставникот.
Првичната верзија на кинеската влада дека вирусот тргнал од рибниот пазар не е неспорна. Истражување на кинески експерти објавено во списанието „Лансет“ во јануари покажува дека првиот познат пациент, идентификуван на 1 декември, немал врска со пазарот, како што немаат врска и повеќе од една третина од заразените во првата голема група.
Ши и други научници од ИВВ категорично негираат дека таа лабораторија е изворот на новиот корона вирус. На 3 февруари нивна екипа прва јавно соопшти дека вирусот познат како 2019-nCoV е корона вирус, што потекнува од лилјак.
Во меѓувреме, кинеската влада наложи целосна блокада на секоја информација поврзана со потеклото на вирусот. Пекинг се уште не им претставил на американските експерти проби од новиот корона вирус уште од првите случаи. Шангајската лабораторија која на 11 јануари го објави новиот геном на корона вирусот беше набрзо затворена од властите за „корегириње“. исчезнаа неколку од лекарите и журналистите, кои први соопштија за ширењето на заразата.
На 14 февруари кинескиот претседател Си Џипин повика на побрзо прифаќање на нов закон за биолошка безбедност. CNN објави дека кинеската влада вовела строги ограничувања, барајќи одобрување пред секоја истражувачка институција да објави што било во врска со потеклото на новиот корона вирус.
-Прашањето за потеклото е важно не само за преземање на вината. Од клучно значење е да дознаеме како започна новата пандемија од корона вирусот, зашто тоа ќе даде насоки како да се спречи следната. Кинеската влада треба да одговори на прашањата за лабораториите во Вухан, зашто тоа е од животно значење за нашето научно толкување на вирусот. Не знам дали новиот корона вирус се појавил во лабораторијата во Вухан, но телеграмите посочуваат на опасноста од таму и помагаат да се дознае генезата на пандемијата. Не мислам дека тоа е теорија на заговор. Мислам дека тоа е легитимно прашање, што треба да биде истражено и да добие одговор. Ако дознаеме како се родила заразата ќе знаеме што ќе биде од клучно значење за да спречиме тоа да се повтори, изјави Сјао.
И разузнавањето на САД се зафати со ова прашање.
-Разузнавачките служби на САД сметаат дека новиот корона вирус веројатно има природно потекло, но не се потполно сигурни во тоа, изјави на брифинг во Пентагон претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, генералот Марк Мили, пренесе CNN.
-Има многу гласини и шпекулации во многубројни медиуми околу ова прашање. Не треба да се чудите, што пројавивме голем интерес за тоа и разузнавањето внимателно се зафати со тоа, изјави тој.
Генерал Мили забележа дека во оваа фаза нема конечен одговор, иако доказите изгледа дека превагнуваат кон природното потекло на вирусот.
-Но, се уште не знаеме со сигурност, додаде тој.