Свет 07. јуни 2018. / 13:29

Што се случува со Америка? Поплавите и торнадата се двапати почести отколку пред 30 години

Што се случува со Америка? Поплавите и торнадата се двапати почести отколку пред 30 години

Прогнозите за времето за оваа и наредната година предупредуваат дека би можеле да доведат до чести и големи поплави на источниот и западниот брег на Америка.

Најновиот извештај на американската владина агенција открива дека поплавите поради високата плима ширум Америка се случуваат двапати повеќе од пред 30 години, и се предвидува овој тренд да продолжи со пораст на нивото на морето.

Американскaта Национална океанографска и атмосверска администрација, во својот извештај предупредува дека поплавите кои се предизвикани од висока плима, минатата година станале рекорд во повеќе од четвртина во 98 локации кои таа агенција надгледува ширум зeмјата.

Во извештајот се наведува дека минатата година Сабин Пас во Тексас имал 23 дена такви поплави, додека Атлантик Сити во Њу Џерси, Бостон и Масачусетс имале по 22 такви денови.

Како што се укажува, некои градови во други делови на САД имале помалку поплави, но во многу од нив забележана е рекордна висина на водата.

Во извештаите се наведува дека таквите поплави достигнале рекордно ниво долж југосточниот атлански брег и на исто на заливот во Мексико, со податок дека и Сан Диего во Калифорнија имала дотогаш незабелжани 13 дена поплави од висока плима.

Прогнозите за време за оваа и наредната година предупредуваат дека може да дојде до чести поплави на источниот и западниот брег, наведува АП.