Свет,Магазин 07. ноември 2020. / 23:00

Што направи Канје Вест на претседателските избори во САД?

Што направи Канје Вест на претседателските избори во САД?

Едно од изненадувањата на овие избори во САД беше приклучувањето на Канје Вест во трката. Па, како помина раперот во неговиот прв обид да стане претседател?

Тој не е ни близу до функцијата и се откажа откако неговата божемна „Роденденска партија“ (Birthday Party) собра само 60000 гласа од околу 160 милиони гласачи.

Вест се појави на гласачкото ливче само во 12 држави, пропуштајќи го рокот за поднесување во повеќето други, додека еден друг независен кандидат, либертаријанката Јо Јоргенсен, оствари многу посилен учинок – зеде повеќе од 1,5 милион гласови.

Но, политичката кариера на Вест можеби сè уште не е завршена. Тој неделава на Твитер објави „Кање 2024“, сигнализирајќи втор обид (можеби е темпирано да излезе со уште едно издавање албум?), вели Би-би-си.

Кога ја објави својата кандидатура во јули, Вест рече дека неговата платформа е направена по примерот на Ваканда, измисленото кралство од Црниот Пантер.

Да ѝ се стави крај на полициската бруталност е приоритет, рече тој за Форбс во едно интервју, како и чистењето на хемикалиите „од нашите дезодоранси, од нашите пасти за заби“, и беше фокусиран на тоа да ја заштити Америка со нејзината „одлична војска“.