По фамата што се крена во врска со скандалот што го поресе Фејсбук поради начинот на кој компанијата Cambidge Analytica ги користела податоците на неговите корисници, БиБиСи повторно го објави своето интервју од 2009 кое го направи со основачот и шеф на најголемата социјална мрежа.
Во текот на разговорот со новинарот, Цукерберг помеѓу останатото категорично тврдел дека нема да ги продава податоците на корисниците на Фејсбук, додавајќи дека приватноста е исклучително важна за Фејсбук и дека алатките за заштита на приватноста го прават Фејсбук различен од останатите.
На прашањето како заработува, Цукерберг одговорил- со огласи.
„Постојат многу различни компании и ентитети кои сакаат да закупат огласи како би помогнале информацијата што ја имаат да стигне до другите луѓе“ – велел Цукерберг
Погледнете што тогаш изјави младиот директор на најголемата социјлана мрежа Фејсбук: