Штетата од поплавите во Венеција достигна милијарда евра, изјави градоначалникот Луиџи Брунаро, јавуваат агенциите.
-Венеција е уништена. Говориме за милијарда евра штета, изјави тој за време на посетата на плоштадот „Сан Марко“.
Брунаро беше во придружба на раководителот на регионот Венето, Лука Ѕаја, и лидерот на партијата Лига, Матео Салвини.
-Внатре во базиликата „Сан Марко“ водата е околу еден метар. Вода има по куќите и продавниците. Уништувањето е целосно, зашто прво влегува водата и предизвикува штети, а потоа, откако ќе се повлече, останува морската сол, која ги уништува ѕидовите, подовите, уметничките дела, мозаиците и сите електрични системи, изјави Ѕаја.