Свет 06. ноември 2020. / 20:29

Штабот на Бајден: Трамп ќе биде избркан од Белата куќа

Штабот на Бајден: Трамп ќе биде избркан од Белата куќа

Портпаролот на кампањата на демократскиот кандидат, Џо Бајден одговори на извештаите дека Доналд Трамп нема намера да прифати пораз, велејќи дека властите имаат право да го отстранат „секој натрапник од Белата куќа“.

Американците ќе одлучат за исходот од изборите оваа година, изјавија од штабoт на демократите на Твитер и додадоа дека властите се совршено способни за да ги исфрлат натрапниците од Белата куќа.