Свет 17. септември 2018. / 16:23

Шпанскиот премиер ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците

Шпанскиот премиер ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците

Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците и на лица на функции.

Санчез ова го изјави во говор по повод 100 дена од доаѓањето на власт на неговата Влада.

За усвојување на ваков предлог потребна е парламентарна поддршка, а Социјалистичката партија на Санчез има само 84 од вкупно 350 места во Долниот дом на Парламентот. ј