Свет 20. октомври 2020. / 15:17

Шпанската Влада разгледува мерки, вклучително и полициски час

Шпанската Влада разгледува мерки, вклучително и полициски час

Шпанската Влада разгледува неколку можни мерки, вклучително и полициски час, во обид да се справи со новиот бран на зараза со коронавирусот, изјави денеска шпанскиот министер за здравство Салвадор Иља.

– Воведување на полициски час во Мадрид, а можеби и пошироко, бара воведување вонредна состојба, изјави Иља.

Тој додаде дека за секоја вонредна состојба, која ќе трае подолго од две недели, ќе биде потребна поддршка од некои опозициски партии. ј