Свет 06. јули 2018. / 19:43

Шпанската Влада доставува жалба до Уставниот Суд, во врска со одлуката на каталонскиот парламент

Шпанската Влада доставува жалба до Уставниот Суд, во врска со одлуката на каталонскиот парламент

„Шпанската влада најави дека ќе вложи жалба пред Уставниот суд во Шпанија на одлуката на каталонскиот парламент за продолжување на патот кон независност на таа шпанска покраина“ Ова го изјави портпаролката на шпанската влада Изабел Села.

„Владата ќе се жали на уставниот суд заради одлуката која вчера беше донесена во парламентот на Каталонија“ рече порптаролката.

Каталонската сецесионистичка желба е еден од најголемите проблеми со кои е соочен премиерот на Шпанија Педро Санчез, откако го смени премиерот на десниот центар Маријано Рахој на 1 јуни, кога на Рахој и на неговата влада им беше изгласана недоверба.