Свет 04. јули 2018. / 22:14

Шпанската полиција уапсила двајца Хрвати кои со едрилица пренесувале тон и пол кокаин (ВИДЕО)

Шпанската полиција уапсила двајца Хрвати кои со едрилица пренесувале тон и пол кокаин (ВИДЕО)

Шпанската полиција уапсила двајца Хрвати и еден Американец на едрилица во близина на Азорските Острови. Како што е соопштено од полицијата, уапсените управувале со едрилицата „Вол Стрит“, на која биле пронајдени повеќе од тон и пол кокаин, пренесува „Индекс.хр“.

Во соопштението се додава дека активностите на тројцата мажи и самата едрилица биле следени извесно време, под сомнение дека шверцуваат дрога од Јужна Америка во Европа. На 25 јуни тие биле пресретнати и уапсени.

Според проценките на шпанската полиција, запленетата дрога вреди повеќе од 90 милиони евра.