Свет 15. мај 2020. / 19:19

Шпанија воведе задолжителен карантин за сите патници кои доаѓаат од странство

Шпанија воведе задолжителен карантин за сите патници кои доаѓаат од странство

Властите во Шпанија ги проширија постојните ограничувања за влез во земјата, за како што потенцираат „несуштински работи“, до 15 јуни и го ограничија пристапот до пет аеродроми и осум пристаништа.

Потегот велат, ја потврдува препораката на Европската комисија „да се продолжи привременото ограничување за патување во ЕУ до 15 јуни“. Ограничувањата за патување во земјите на ЕУ стапија на сила на 17 март, иако Брисел побара од земјите-членки да дозволат слободно внатрешно движење за европските граѓани.

Исклучителни услови за патување се издаваат на лицата кои работат против ширењето на корона вирусот, кој однесе над 27.000 животи во Шпанија.

Шпанската влада неодамна објави 14-дневен домашен-карантин за странските патници, кој стапи на сила денеска и ќе трае до крајот на вонредната состојба.