Затворањето на копнените рути низ Европа го зголемува притисокот на крајбрежните земји , од кои Шпанија е прва на удар за мигрантите од Африка.
Првиот човек на Европската агенција Фронтекс Фабрис Лежери во интервју за германски Die Welt изјави дека е загрижен за Шпанија. Министрите за внатрешни работи на Германија , Италија и Австрија следната недела на состанокот во Инсбрук ќе ги разгледаат мерките за затворање на мигрантските рути преку Средоземјето. Италијанската влада предложи отоврање прифатни центри во Африка , што веднаш беше одбиено од Либија.
Лежери во интервјуто рече дека ја поддржува изградбата на такви центри , со тоа што на мигрантите да им се стави на знаење дека нема да можат да го продолжат патот кон Европа.
Во јуни преминале од Африка во Шпанија 6 000 мигранти , а од почетокто на годинава 19 000 колку што дошле во текот на целата мината година. Овој број за прв пат е поголем од бројот на мигранти кои преку Медитеранот стигнале во Италија.
Денеска министерот за надворешни работи на Италија Енцо Моаверо пристигна на ненајавена посета на Либија со цел да ги разубеди тамошните власти за планот за решавање на мигрантската криза .