Свет 19. април 2020. / 10:45

Шпанија по третпат ги продолжува рестриктивните мерки

Шпанија по третпат ги продолжува рестриктивните мерки

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ќе му предложи на Парламентот да одобри трето 15-дневно продолжување на рестриктивните мерки со цел запирање на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус.

Според предлогот, рестриктивните мерки треба да бидат во сила до 9 мај.

Сакам ограничувањата за најмладите да бидат олеснети, така што од 27 април на децата ќе им биде дозволено да излегуваат надвор, но „со ограничувања и под услови што овозможуваат да се избегне зараза“, рече Санчез.

Шпанија почна да ги олеснува ограничувањата што ги воведе на 14 март со активирање на некои економски сектори, вклучително и производството.

Сепак, мнозинството граѓани се уште се наоѓаат во своите домови, а можат да излезат надвор само за итна потреба – до продавница или аптека и лекар.