Шпанските власти потврдија дека вкупниот број на заразени со коронавирус во земјата надмина 100.000, додека дневниот број на жртви надминува 800 петти последователен ден.
Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 102.136, од кои 5.872 се лекуваат во единиците за интензивна нега низ целата земја. Властите објавија дека има 864 нови мртви. Зголемувањето е пониско од претходните денови во однос на процентот, и покрај тоа што апсолутно гледано е рекордно.
Најмалку 9.053 луѓе починале во текот на епидемијата. За среќа, околу 22.000 луѓе се излечени од инфекцијата, според бројките објавени од шпанското Министерство за здравство.
Во меѓувреме, министерката за економија на Шпанија, Надиа Калвино, изјави дека нејзината влада и покрај кризата нема проблем со финансирањето, но побара систем на нивно на цела ЕУ за да се сподели направениот долг со цел да се надмине кризата со коронавирусот во сите земји-членки.
Италија сè уште е најтешко погодената земја во Европа во моментов, со вкупно 105.792 случаи на заразени со коронавирус и 12.428 смртни случаи (без денешните бројки, кои сè уште не се објавени), според универзитетот Џон Хопкинс. Во меѓувреме, бројот на жртвите во Европа утрово надмина 30.000, пренесува АФП.