Свет 28. декември 2020. / 23:06

Шпанија ќе прави регистар на луѓе кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид 19

Шпанија ќе прави регистар на луѓе кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид 19

Шпанските власти ќе водат регистар на луѓе што одбиваат вакцина против коронавирусот и ќе ги споделат податоците со другите европски земји. Сепак, податоците нема да бидат објавени во јавноста, соопшти Министерството за здравство.

Министерот Салвадор Ила рече дека е важно граѓаните да се вакцинираат против коронавирус, иако вакцинацијата што почна во многу земји на Европската Унија (ЕУ) не е задолжителна.

Ќе направиме регистар на луѓе што не ја сакаат вакцината и тоа ќе го споделиме со другите европски земји, рече Ила додавајќи дека во регистарот ќе има луѓе на кои им е понудена вакцината, но ја одбиле.

Според него, регистарот не е документ што ќе ѝ биде презентиран на јавноста и ќе се земе предвид заштитата на податоците. Шпанската влада планира да вакцинира околу 2,5 милиона луѓе до крајот на февруари, а помеѓу 15 и 20 милиони до летото. Во таа земја речиси 50.000 луѓе починаа од коронавирус, а 1,8 милион беа заразени.