Училиштата и универзитетите во регионот на Мадрид нема работат две недели почнувајќи од среда, што е една од мерките за спречување на ширењето на новиот корона вирус, изјави синоќа шпанскиот министер за здравство Салвадор Илја.
Поради тоа во своите домови ќе останат околу 1,2 милиони ученици и студенти.
Истата мерка беше донесена и од властите на баскискиот регион.
Во Шпанија досега, 28 лица починаа од коронавирусот, а 1.204 се инфицирани.