Свет 13. јануари 2021. / 21:58

Шпанија бележи најголем број на новозаболени од почетокот на пандемијата

Шпанија бележи најголем број на новозаболени од почетокот на пандемијата

Во последните 24 часа во Шпанија се потврдени 38.869 новозаразени лица, што е најголем дневен број на нови случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата.

Во извештајот на шпанското Министерство за здравство се наведува дека од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 2.176,089 лица.

Бројот на починати пациенти од Ковид-19 во последните 24 часа е 195, односно вкупно 52.878 од почетокот на пандемијата.