Свет 14. март 2020. / 22:31

Шпанците следните две седмици ќе одат само на работа, по храна и по лекови

Шпанците следните две седмици ќе одат само на работа, по храна и по лекови

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека од понеделник наутро стапува на сила одлуката за национално ограничување на движењето на граѓаните за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Следните 15 дена ќе бидат затворени сите продавници освен маркетите за храна и аптеките. Граѓаните ќе смеат да одат на работа, во набавка на намирници и на лекови.

Санчез изјавил дека одлуката била тешка и дека во земјата на сила е вонредна состојба. Војската ќе им биде на располагање на сите што тоа ќе им биде потребно.

Одлуката стапува на сила по понеделник во 8 часот наутро.