Германскиот министер за финансии Олаф Шолц во средата изјави дека договорот во Еврогрупата за сеопфатни мерки за поддршка на европската економија е „блиску“ и „се надеваме“ дека договорот ќе биде постигнат до 12 април.
Говорејќи по неуспешната средба на Еврогрупата, Шолц рече дека преговорите за обновување на фондот продолжуваат. Министрите за финансии во Еврозоната разговараат за планот за економска помош од 500 милијарди евра во кој се вклучени Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) и поддршката за ублажување на ризиците од невработеност во фондовите за итни случаи (SURE), објасни тој.
Тековните регулативи за користење на фондовите ЕСМ треба да се применуваат во секоја земја каде што е неопходна помош и треба да биде врзана за економска штета предизвикана од пандемија на корона вирус, истакна Шолц.