Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, вчера изјавил дека на аудио-снимката од убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, се слуша убиец кој вели: “Знам добро да сечам”.
Човекот кој се слуша на снимката, како што вели Ердоган, е високо рангиран припадник на војската, кој “отворено” зборува дека може да го сече телот.
Турција заклучила дека 15 лица го убивале Кашоги на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Аудио-снимката од неговото убиство Турција ја доставила до Саудиска Арабија, САД, Германија и уште некои земји.
Агенцијатанаведува дека Ердоган го критикувал и саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман, поради тоа што првобитно изјавил дека Кашоги го напуштил конзулатот, а потоа самиот себе се демантирал.
“Оваа земја не е глупава, знае како да ги држи луѓето одговорни”, рекол Ердоган.