Свет 23. декември 2020. / 11:21

Шкотската премиерка ги прекрши мерките и јавно се извини

Шкотската премиерка ги прекрши мерките и јавно се извини

Шкотската премиерка Никола Стурџон се извини откако ги прекршила мерките за сузбивање на коронавирусот, симнувајќи ја маската по еден погреб.

На кратко ја симнав маската. Тоа беше глупава грешка и навистина ми е жал, кажа шкотската премиерка.

На фотографијата објавена во шкотски Сан се гледа како Стурџон разговара со три жени во бар, држејќи дистанца, но без маска.

Со епидемиолошките мерки во Шкотска е задолжително носење маска во затворени објекти, освен на маса, а маска мора да се носи кога гостите се движат.

Стурџон присуствувала на погреб на владин службеник, пренесува Гардијан.

Таа истакна дека секој ден размислува за значењето на носењето на маската и дека затоа сака да се извини.

Згрешив и навистина ми е жал, кажа Стурџон.