Генералното собрание завчера дебатираше за новиот закон и со 345 гласови „за“ и 170 гласови „против“ беше изгласан законот со кој Шкотската црква ги призна истополовите бракови.
Свештеникот Брајан Кер од парохијата Грејфрајрс во Ланарк изјави дека е задоволен што постапката стигнала до оваа етапа.
„Веќе имаме реакции од родителите на луѓе во истополови врски кои се пресреќни што Црквата прифаќа дека Бог ги сака“, рече тој.
Сепак, потегот не наиде на позитивни реакции од сите – свештеникот Марк Малколм одд парохијата Крајстон во Глазгов тврди дека ваквата одлука ќе има последици по мирот и единството.
„Ова не беше ни радосен, ни мирен процес и луѓето генерално се уморни и истоштени од оваа дебата“, рече тој.
Друг свештеник, Том Гордон, откри дека една од неговите ќерки е во истополов брак.
„Кога мојата постара ќерка се мажеше имаше избор да ме замоли да ја одржам венчавката и да ја однесам до олтарот како нејзин татко. Меѓутоа, кога помладата ќерка стапи во брак, го немаше тој избор“, рече Гордон.