Свет 26. мај 2020. / 09:15

Шинѕо Абе: За да се оджат Олимписките игри светот мора да развие вакцина за корона вирусот

Шинѕо Абе: За да се оджат Олимписките игри светот мора да развие вакцина за корона вирусот

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека развојот на вакцина и ефикасни третмани за корона вирусот се приоритети за да може да се изведе организирање на Олимписките игри во Токио.

Абе рече дека надминувањето на последиците од пандемијата на корона вирусот само во Јапонија не би било доволно за одржување на Олимпијадата, затоа што на настанот учествуваат гледачи и спортисти од целиот свет.

Јапонскиот премиер изјави дека владата на Јапонија се надева дека Олимписките игри ќе се одржат „во целосна форма“, со гледачи како доказ за победата на човештвото над корона вирусот.

Експертите претходно изјавија дека ќе биде тешко да се развие ефикасна и безбедна вакцина до почетокот на Олимписките игри во Токио.

Јапонија и Меѓународниот олимписки комитет ги одложија за јули 2021 година Игрите кои требаше да се одржат ова лето.